Македонска дипломатка во ОН пронајдена мртва во стан на Менхетн

пред 3 години

Македонска дипломатка била пронајдена мртва во нејзиниот стан на Менхетн во новогодишната ноќ објави „Фокс њуз“. Таа била во постојаната мисија на ООН.

Полицијата ја пронашла дипломатката со ремен околу вратот и две испразнети шишенца со антидепресиви. Немало никакви знаци на насилство, соопшти полицијата.

Според изјавите на домарот на зградата, таа на четвртиот кат живеела сама две години.

– Тука живееше две години. Сите сме изнендени, беше симпатична и многу добра личност. Вчера доктори дојдоа горе, со амбулантно возило– изјавил Хернан Авила, домарот во зградата за Фокс њуз.

Медиумот наведува дека официјалните лица во постојаната мисија во ООН каде што работела таа, немале коментар за настанот.

Scroll to Top