Средовечна жена од Градско пронајдена мртва во стан во Велес

пред 3 години

Екипа на Итната помош рано утрово околу три часот во стан во Велес констатирала смрт кај средовечна жена, соопшти полицијата.

„Денеска (05.04.2021) во 02.50 часот во СВР Велес било пријавено дека во домот на ул.„Кочо Рацин“ била пронајдена почината Р.П.(46) од Градско. Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство,“ велат од МВР.

Известен е Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција, се додава во полициското соопштение.

Scroll to Top