Маричиќ: На пописот во април ќе има графа за национална и верска припадност

пред 3 години

На пописот планиран за април ќе има графа за национална и верска припадност, соопшти вечерва министерот за правда Бојан Маричиќ.

-На пописот во април ќе има графа за национална и верска припадност. Очекувам сега, владиката Петар, за доброто на државата да ги повика верниците масовно да го поддржат пописот, напиша на својот профил на Твитер министерот Маричиќ.

Министерот за правда го објави твитот како реакција на изјавата на владиката Петар, кој рече дека ако нема графа за верска припадност во пописните листи, црквата ќе го повика народот на бојкот.

Scroll to Top