Маркоска: Обезбедени 35 милиони евра за финансирање на локални проекти

пред 3 години

Обезбедени се 35 милиони евра за финансирање локални проекти преку пренамена на средства од ТАВ што беа предвидени за изградба на карго аеродром во Штип, изјави на прес-конференција пратеничката од СДСМ, Даниела Маркоска.

Со оваа одлука, како што истакна Маркоска, ќе се финансираат 99 проекти во 75 општини – проекти за изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура, за водоснабдителна мрежа, за канализациони мрежи, за реконструкција изградба на градинки и училишта и спортски објекти, за реконструкција и изградба на здравствени установи, и за други проекти што ги предложија општините.

„Ова е директна инвестиција за развој и унапредување на општините, инвестиција што го поттикнува локалниот економски развој. Како одговорна партија продолжуваме да инвестираме во се што е важно за граѓаните, продолжуваме да го помагаме развојот на нашите општини“, додаде Маркоска.

Scroll to Top