Матурантите го продолжуваат бојкотот, очекуваат консензус во Собранието и законски измени

пред 3 години

Матурантите и следната недела ќе го продолжат бојкотот на наставата. Ваква одлука била донесена на вонредната седница на Генералното собрание на Сојузот на средношколци.

„Имавме средба со неколку пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Тие ја потврдија нивната поддршка за нашите барања. Бевме информирани дека ќе започнат со иницијатива за организирање јавна расправа во понеделник и подготовка на законски измени. Сојузот очекува широк консензус во Собранието околу нашите барања бидејќи ова прашање ги засега сите 18 илјади матуранти. Ние ќе продолжиме со нашите активности во парламентот во координација со сите пратеници и пратенички групи коишто ги поддржуваат нашите барања – порачуваат од Сојузот.

Бојкото на наставата матурантите го почнаа на почетокот на второто полугодие. тие бараа намалување на бројот на предмети кои се полагаат во Државната матура од четири на два, мајчин јазик и втор предмет по избор на ученикот. Покрај ова, тие бараат МОН и Државниот испитен центар во март 2021 да објават и презентираат план и програма за тоа како ќе изгледаат скратените наставни програми и другите материјали за испитите.

Министерството за образование стои на одлуката дека годинава државната матура ќе се полага со четири испити. Мината учебна година, поради пандемијата на коронавирусот, полагањето матура беше укинато.

Scroll to Top