МВР утре ќе вежба накај Пониква, регионалниот пат кон Кочани ќе биде затворен

пред 3 години

Сообраќајот на регионалниот пат Кочани кон Спортско рекреативниот центар Пониква на потегот од место викано „аеродром“ до паркингот кај објектот на МВР ќе биде во прекин утре во периодот од 08:00 до 16:00 часот, велат од СВР Штип во соопштение.

Според штипската полиција, прекинот ќе биде поради одржување на вежбовни активности од припадниците на МВР,

СВР Штип апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Scroll to Top