МЗ: На инфективните одделенија во земјава се лекува 821 пациент, слободни кревети има

пред 3 години

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 821 пациент позитивeн и суспектен на корона вирусот, велат од Министерството за здравство.

Како што известуваат, по извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 64 болни, а во Куманово 109 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 111 пациенти, во Прилеп 104, во ковид центарот во Гостивар 45, а во Струга 32 болни. Во болницата во Струмица лежат 87 пацинети, во Кочани 26, во Кичево 18, Кавадарци 39, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот.

Министерството напоменува дека треба да се има предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

„Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1291 и има колку 170 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород“, се вели во соопштението на МЗ од каде посочуваат дека и покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Scroll to Top