Вкупно 1.649 лица од Ковид-19 на инфективните оддели во земјата, во Скопје 79 новозаразени

пред 3 години

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 79 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 675 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 33 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 18 примени пациенти и 14 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 1 нов болен, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 62 оздравени пациенти, известува министерството за здравство.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 313 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 11 позитивни пациентки. Од денес работи и ковид центарот во Заводот за рехабилитација со капацитет од 38 кревети.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен велат од МЗ.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, додаваат од оваa институција.

Инаку според нивните податоци во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 974 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Според mинистерството за здравство во болницата во Битола се хоспитализирани 103 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 63 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 84 болни, а во Куманово 166 пациенти позитивни и суспектни на Ковис 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 103 пациенти, во Прилеп 127 во ковид центарот во Гостивар 36, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 84 пациенти, во Кочани 33 во Кичево 21, Кавадарци 72, а во Гевгелија 21 лице позитивно и суспектно на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1649 и има околу 260 празни болнички кревети во ковид центрите, велат од здравство.

Додаваaт дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, потенцираат надлежните.

Scroll to Top