Брестовац повеќе не е селектор на ракометната репрезеннтација

пред 3 години

Данило Брестовац веќе не е селектор на ракометната репрезентација на Македонија. По слабиот настап на репрезентацијата на Светското првенство во Египет, од Ракометната федерација соопштија дека со Брестовац се договориле за взаемен прекин на соработката. Брестовац беше селектор на репрезентацијата од јуни 2019 година.

„Ракометната Федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и Данило Брестовац, на 26 јануари 2021 година, взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори“, стои во соопштението на фејсбук-страницата на РФМ.

Scroll to Top