Милошоски за личните карти: Во документот да стои националност Македонец, но не и придавката северна

пред 3 години

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски изјави дека за опозицијата се прифатливи измените на Законот за лични карти со кој се предвидува во нив да биде впишана етничката припадност на граѓаните, но за нив е неприфатливо во документот да стои новото име Северна Република Македонија.

„Гледаме дека во Собранието има обид за филибастеринг, јас само ќе кажам дека повеќе пратеници говорат дека зад ова нарачка стои Зоран Заев кој дал одредени ветувања на одредени коалициони партнери што сега не може, не сака или не знае како да ги исполни, па се обидува процесот да го попречи. Ние од ВМРО-ДПМНЕ сме на став дека заради зачувување на националното достоинство е прифатливо, ако во мојата лична карта стои дека сум Македонец, а ако на мојот сосед му пишува дека е Србин, Албанец, Турчин или што и да е. Ние исто така бараме во новата лична карта да не стои новата придавка на државата, зашто за истата има рок од 5 години со договорот Димитров, Заев и Ципрас, а тие 5 години не се поминати и не треба тоа да се реализира. Во моментот немаме ниту почнато преговори со ЕУ и затоа сметаме дека не мора да исполнуваме се и сешто“, изјави Милошоски.

Предлогот за ова законско решение доаѓа на партијата Беса, по што скоро сите политички партии прифатија во личните карти да стои и етничката припадност. Но, засега процедурата е запрена поради големиот број амандмани од страна на Левица.

Scroll to Top