Министерството за здравство потврди, повлечен е авансот за кинеската вакцина

пред 3 години

Министерството за здравство го повлекло авансот што беше уплатен за набавка на вакцини од кинескиот производител „Синофарм“, но договорот не е откажан.

Од Министерството за здравство велат дека уплатата била повлечена на барање на кинеската страна поради усогласување на документацијата.

– Авансната уплата која Министерството за здравство ја изврши за набавка на вакцината „Синофарм“, по барање на кинеското Министерство за надворешни работи беше повлечена заради усогласување на документација, на нашето МНР и МНР на НР Кина. Разговорите се во заврша фаза, не станува збор за откажување на договорот, вакцините против Ковид 19 од производителот „Синофарм“ во најкус можен рок ќе стигнат во нашата земја, наведуваат од Министерството за здравство.

Македонија треба да добие 200 000 илјади вакцини од кинескиот производител „Синофарм“. Покрај очекуваните количини преку системот Ковакс, во тек се разговори за набавка и на 100 илјади дози од руската Спутник V, како и вакцини од Фајзер.

Во земјава досега пристигнаа само 8.000 вакцини Фајзер преку Србија со кои се имунизираат здравствените работници.

Scroll to Top