Мицкоски: Заев бега од лидерска, менува ставови и најдобро е да си замине

пред 3 години

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во видео обраќање го обвини премиерот Зоран Заев дека избегнува да зборува за проблемите кои ги мачат граѓаните и затоа се повлекол од идејата за лидерска средба. Според Мицкоски фактичка состојба биле проблемите со рецесијата во економијата, здравствената криза и проблемите со Бугарија.

„Вистински скандал е што Зоран Заев вчера кажува едно, а денес сосема друго. Вчера рече дека ќе свика лидерска средба ако тоа не го направи Пендаровски, а денес го промени мислењето. Овој човек за се и сешто менува ставови. Што ги доведува граѓаните до сериозно чувство на несигурност и ваквото однесување навистина создава проблеми. Менувањето на ставовите всушност е најголема потврда дека проблемите кои ги споменав постојат. Гледам нервозно, со навреди и со лаги се обраќа кон мене, како што впрочем тоа го прават постојано, и додека тој тоа го прави со невистини, јас само ќе констатирам познат и вистинит факт дека Зоран Заев е амнестиран за криминал. Сосема на крај сакам да заклучам, кога изворот на сите проблеми е Зоран Заев, решението е тој да си замине“ – рече Мицкоски.

Scroll to Top