Мицкоски: Заев да си даде оставка и да се формира техничка влада по блокадата од Бугарија

пред 4 години

Она кое што денеска ни се случи е уште еден доказ за националната катастрофа која што ја донесе Зоран Заев на народот и државата. Ваков е ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицикоски по денешната блокада од Бугарија за преговарачката рамка со Европската Унија.

Според Мицкоски, сега најчесно би било Заев и неговиот тим на политичари да поднесат оставки.

„Тие треба веднаш да ги напуштат позициите и да организираат предвремени избори на кои што би можеле граѓаните во термин во кој што нормално здравствените услови ќе дозволат да се случи такво нешто. Сега, можеби, треба и да почнеме да размислуваме за една идеја која што ја почнаа од Алијансата за Албанците, а тоа е една Влада за национален спас, техничка влада или некој друг тип на форма“, изјави Мицкоски.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека ситуацијата е сериозна и доведена е во прашање европската перспектива на Македонија под раководство на Зоран Заев. Мицкоски се надева дека ЕУ ќе го ревидираат нивниот став и веќе на министерско ниво или на премиерско ниво ќе го корегираат, и Македонија ќе го отпочне процесот на преговори со ЕУ.

Scroll to Top