Мицкоски: Земји кои вакцинираат го одложија пописот, а неспособната влада на Заев не

пред 3 години

Најкриминалната влада на Балканот, а истовремено и најнеспособната да обезбеди имунизација на населението нѐ убедува дека нема одложување на пописот, обезбедени биле најбезбедни протоколи. А во меѓувреме, соседна Србија која е рекордер во имунизирано население на Балканот, соседна Бугарија, Романија, Косово го одложуваат пописот поради загриженост од енормно ширење на пандемијата – вели во објава на Фејсбук, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Најкриминалната влада на Балканот, а истовремено и најнеспособната да обезбеди имунизација на населението нѐ убедува…

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, 23 March 2021

„Најнеспособните велат имаат безбеден протокол за успешен попис, а рекордерите го одложуваат пописот поради тоа што сакаат да го заштитат здравјето на граѓаните и да спасат човечки живот. Здравјето на граѓаните не смее да биде заложник на Заев, Филипче и Симовски. Одложување на пописот веднаш. Ќе одговарате“ – пишува Мицкоски.

Scroll to Top