Мицкоски: Пописот да се спроведе на пролет идната година

пред 3 години

Пописот треба да се спроведе пролетта во 2022 година, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Попис треба да има пролетта во 2022 година, во март или април месец. До тогаш ќе имаме фингер принт терминали кои веќе ќе бидат искористени на локалните избори. Доколку сега сакаат, имаат можност да направат електронски попис со точност од 5 отсто, односно да попишат 95 отсто од населението, а само 5 отсто да го посетат. Доколку некој се грижи за иднината на државата, ќе не послуша“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.

Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не бил за бојкот на пописот, а пред два дена почнале со иницијатива за собирање потписи за поднесување закон во рамки на Собранието за укинување на Законот за попис. Иницијативата денеска е стигната во Собранието.

„Мислиме дека ова ќе биде политички попис, нема да биде статистичка туку политичка операција со договорени проценти“, рече Мицкоски.

Тој потенцира дека ставот на нивната партијата е здравјето на граѓаните пред се, и порача дека треба да има одложување на пописот или, пак, електронски попис.

Scroll to Top