Мицскоски: Во Македонија мафијата станува држава и затоа ИЗЛЕГУВАМЕ НА УЛИЦА ДА ИМ КАЖЕМЕ ДЕКА Е ДОСТА

пред 4 години

Македонија е предводена од анационална власт која тргува со нашето достоинство, држава во која невини лежат во затвор само затоа што ја сакаат Македонија, бидејќи на властодржците Македонија им е трн во око. Во Македонија под водство на оваа власт крвнички се претепуваат неистомисленици, судските пресуди ги диктира Заев, обвинителството се занимава само со опозицијата која критикува, а преспива на очигледните криминали на власта, врши прогон на медиуми и затвора новинари, стои во Фејсбук статусот на лидерот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Македонија, исто така е држава во која за убиство во сообраќајка се добива само условна казна и се затвора мајка на мало дете затоа што легално набавила автомобил за потребите на државата, автомобил од кој не слезе Зоран Заев, а се затвора само затоа што е поранешен функционер на ВМРО – ДПМНЕ, пишува тој. Мицкоски потенцира дека во Македонија мафијата станува држава и го штити својот криминал. Затоа – излегуваме на улица да им кажеме дека е доста!, истакнува тој.

Извор: vecer.mk

Scroll to Top