„Лесно е да кажеме дека нема да има двојни државјанства, низ дискурсот на моменталната ситуација со Бугарија. Но, да не заборавиме дека имаме македонска дијаспора насекаде низ светот, наши сограѓани коишто се огромни афирматори на македонскиот народ и македонската држава“, вели премиерот Зоран Заев.
Лесно е да кажеме дека нема да има двојни државјанства, низ дискурсот на моменталната ситуација со Бугарија. Но, да не заборавиме дека имаме македонска дијаспора насекаде низ светот, коишто се огромни афирматори на македонскиот народ и македонската држава. Тие се наши сограѓани. pic.twitter.com/a4Jp95q1xC
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) December 19, 2020
На новинарско прашање за тоа дали би поддржал законска регулатива со која сите државни функционери ќе мора да пријават дали покрај македонското имаат и друго државјанство, премиерот рече дека треба да има дискусија и да се слушне мислењето на јавноста, како и да се има предвид македонската дијаспора.
„Имаат и други свои пасоши во Америка, Австралија, Германија, Швајцарија. Да имаме предвид дека тоа е нашата дијаспора. Ни треба. Лесно е да кажеме сите аман нема да има двојни државјанства, низ дискурсот на моментот на разговорите со Бугарија, а притоа заборавивме дека има повеќе од 2 милиона наши жители надвор низ светот, тоа е наша дијаспора, тоа се огромни афирматори на македонштината и на македонскиот народ и држава. Тие се наши амбасадори, освојуваат медали на олимпијади и светски првенства. Тоа се нашите сограѓани“, вели премиерот.