МНР упати протестна нота до Бугарија за видеото на европратеникот Џамбаски

пред 3 години

Министерството за надворешни работи преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Република Бугарија до Министерството за надворешни работи на Бугарија, упати протестна нота во врска со видеото на пратеникот во Европскиот парламент од Република Бугарија и заменик-претседател на политичката партија ВМРО-Бугарско Национално Движење, Ангел Џамбаски.

„ Истовремено, ќе известиме и соодветно ќе реагираме и до институциите во Европската унија. Во оваа прилика напоменуваме дека ваквите изјави не придонесуваат во напорите за продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете земји. Реторика во која се изразуваат територијални претензии кон соседите не доликува на земји-сојузнички во НАТО и земја-членка на Европската унија, што е директно и спротивна на идеалите и вредностите на Европската унија, на кои и двете земји силно се посветени“ соопшти МНР.

„Mакедонија е бугарска, а Бугарија е над се“, е насловот на скандалозниот предизборен спот на европратеникот Џамбаски, од партијата на Красимир Каракачанов.

„ Има каузи кои се поголеми од секој и од се. Од каква било политичка ситница. Поголеми од која било актуелна политичка тема“, вели Џамбаски, претставувајќи ја Македонија како една таква кауза за него и за неговата партија.

Scroll to Top