МОН: Државниот матурски одбор го прифати предлогот за два екстерни и два интерни испита и проектна задача

пред 3 години

Државниот матурски одбор денеска на онлајн-состанок го прифати предлогот државната матура да се состои од четири испити (два екстерни и два интерни) и проектна задача. Во наредните денови одборот ќе треба да подготви нова предлог-концепција.

Како што соопшти Министерството за образование и наука, министерката Мила Царовска и претставниците на Одборот, меѓу кои и од Бирото за развој на образование и Државниот испитен центар, на состанокот истакнаа дека со ваквата концепција на полагање не се нарушува квалитетот на матурата, се задржува стандардот, и е во интерес на сите матуранти.

– Исто така, напоменуваме дека овој модел на полагање на државна матура бил веќе применуван во нашата држава од учебната 2007/2008 до учебната 2012/2013 година. Во извештаите на ОЕЦД, државната матура како дел од образовниот систем е позитивно оценета и планираме и понатаму да ја подобруваме и унапредуваме. Министерството за образование и наука продолжува посветено да работи на создавање квалитетно образование коешто е во интерес на учениците, соопшти МОН.

Scroll to Top