МОН објави дополнителни конкурси за ученички и студентски стипендии за 2020/2021 година

пред 3 години

Министерството за образование и наука информира дека објавени се дополнителни конкурси за доделување на преостанатите ученички и студентски стипендии кои останаа недоделени по завршувањето на првично објавените конкурси за учебната, односно академската 2020/2021 година.

„ Конкурсот за доделување на стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи предвидува распределба на 318 стипендии за студенти од социјални категории, 64 стипендии за студенти кои оствариле висок просек во учењето и 21 стипендија за студенти запишани на студиски програми по математика, хемија и физика. Додека, во однос на конкурсите за доделување на ученички стипендии е предвидено доделување на 25 стипендии за ученици – деца без родители, 10 стипендии за талентирани ученици и 20 стипендии за талентирани ученици – спортисти, запишани во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија“ се наведува во соопштението на МОН.

Scroll to Top