Над 1.000 лица со коронавирус се хоспитализирани во болниците низ Македонија

пред 3 години

Вкупно 1.082 лице се хоспитализирани низ државата поради компликации со коронавирус. Од Министерството за здравство соопштија дека има околу 340 празни болнички кревети во ковид-центрите низ Македонија.

Само во Скопје, во изминатите 24 часа биле хоспитализирани повеќе од 60 пациенти, а вкупно се лекуваат 463 лица.  Утрово во 8 часот имало 50 слободни места. Поради зголемениот број на пациенти во Скопје, отворен е и ковид-центратот на Клиниката за Трауматологија.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 58 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 22 пациенти, во Велес се лекуваат 50 болни, а во Куманово 92 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 89, во ковид центарот во Гостивар 23, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 34 пациенти, во Кочани 7 во Кичево 7, Кавадарци 64, а во Гевгелија 15 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Scroll to Top