На автопатот Штип-Миладиновци казнети 23 возачи за пребрзо возење

пред 3 години

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип вчера во периодот од 8:00 до 16:00 часот на автопатот Штип – Миладиновци санкционирале 23 возачи кои ги управувале возилата со брзина поголема од пропишаната надвор од населено место.

Како што информира МВР, контролата била направена на потегот од клучката Кадрифаково до клучката Преод, а на санкционираните возачи им биле изготвени соодветни прекршочни платни налози. При контролата биле констатирани и два останати прекршока.

Scroll to Top