На Детската клиника од Ковид-19 се лекуваат 15 деца

пред 3 години

Во моментот на Детската клиника се лекуваат 15 деца позитивни на коронавирус. Сите се во стабилна состојба.

-Во моментот има околу 15 деца со 15 мајки кои се ковид-позитивни. Сите се стабилни. Ги лекуваме поради евентуална можност за компликација и дел од нив веќе ги испишуваме во сосема стабилна состојба. Нема ниту едно дете во згрозувачка состојба, изјави директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова.

Таа нагласи дека како што во земјата се регистрира намалување на бројките на позитивни и на лица кои се лекуваат, тој тренд е присутен и кај децата.

Scroll to Top