Неделава се очекува продолжение на некоја од заостанатите пленарни седници

пред 3 години

Собранието се очекува во текот на оваа недела да одржи продолжение на некоја од заостанатите пленарни седници. Ова било договорено на денешната редовна понеделничка координативната средба на првите луѓе на пратеничките групи и потпретседателите со собранискиот претседател Талат Џафери.

И покрај тоа што е договорено продолжението на некоја од заостанатие седници да се одржи во текот на оваа недела, таа се уште не закажана на веб-страницата на Собранието.

На координативната средба присуствуваше заменик-координаторот на ДУИ Арбер Адеми. Координаторите на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Алтернатива, кои не одат на овие средби веќе подолго време, не присуствуваа на состанокот, но имаат имаат неформална комуникација со Џафери за работата и активностите на Собранието.

Scroll to Top