Независниот синдикат за образование утре на протест

пред 3 години

Независниот синдикат за образование и наука за утре најави протест пред зградата на министерството за образование.

„ И покрај повеќето обиди за воспоставување дијалог, со цел да бидеме сослушани, ние, просветните работници кои сме синдикално обединети во независниот синдикат за образование и наука, избравме својот револт поради игнорантскиот однос на надлежните и своите барања кои се засновани на позитивните законски одредби во државата да ги изнесеме во форма на протест“, информираат од синдикатот за образование.

Меѓу барањата ги наведуваат: почитување на ставот на друштвата на наставници во врска со најавената Концепција за реформи во основното образование, исплата на плата за просветните работници во согласност со Колективниот договор, исплата на платите согласно со закон и Колективен договор, најдоцна до 10-ти во месецот, исплата на регрес за годишен одмор од кој просветните работници моментално се изземени и слично.

Томислав Гиевски претседател на синдикатот, ќе ги предочи пред јавноста барањата на НСОН и проблемите со кои се соочуваат просветните работници, стои во известувањето од синдикатот.

Scroll to Top