Средба на министерот Спасовски со делегација на Независниот синдикат на полицијата

пред 4 години

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со делегација на Независниот синдикат на полицијата, предводена од претседателот Гоце Делчев Тодев.

Од МВР денеска соопштија дека на средбата претседателот на НСП упатил честитки до министерот Спасовски, изразувајќи надеж дека и во новиот мандат заеднички ќе бидат носени решенија во интерес на вработените во Министерството за внатрешни работи.

– Министерот Спасовски ја потенцира важноста од добрата соработка со синдикатите и подготвеноста за соработка во интерес на вработените во Министерството за внатрешни работи. Тој истакна дека добрите услови за работа и подобрувањето на стандардот на полициските службеници се приоритет и во наредниот период и дека ќе се преземаат соодветни мерки за тоа. Беше потенцирана и одлучноста за најстрого санкционирање на секој што ќе нападне полициски службеник кој се грижи за безбедноста на граѓаните, се наведува во соопштението од МВР.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top