Николов: На лекарите им е забрането да користат одмори или отсуства, а владини функционери уживаат во Мексико и Дубаи

пред 3 години

Откако донесоа одлука здравствените работници да не смеат да користат годишен одмор, платени и неплатени отсуства, владини функционери заминаа на одмор и тоа не на понормални дестинации, туку во Мексико и Дубаи, обвинува Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

Службен весник. Одлука. (чл.13 точка 4) се забранува користење на годишени одмори, платени и неплатени отсуства за сите…

Posted by Igor Gila Nikolov on Четврток, 18 март 2021

„Медицинскиот персонал не е одморен и не е отиден на одмор од почетокот на пандемијата, за да тие господата можат да уживаат и да се прават дека помагаат во пандемијава“, вели Николов кој цитира и член од Службениот весник: „(чл.13 точка 4) се забранува користење на годишени одмори, платени и неплатени отсуства за сите вработени во здравствениот сектор“.

Претставникот на опозициската партија воедно побара, функционерите, како што вели, да покажат малку срам и солидарност и да си поднесат оставки.

Scroll to Top