Нови повисоки цени на горивата

пред 3 години

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95 % во однос на одлуката од минатата недела.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1 денар/литар и ќе изнесуваат: за ЕУРОСУПЕР БС-95 65,50 денaри, за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 56 денaри, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинсто (ЕЛ-1) ќе изнесува 45 денари за литар.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за еден и пол денар, и од полноќ ќе изнесува 67,50.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 35,396 денари.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување:кај бензинот за 4,364%, дизелот за 2,798%, екстра лесното масло за 3,039% и кај мазутот за 3,013 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,43%.

Scroll to Top