Нови 6.600 самопопишани од дијаспората

пред 3 години

Државниот завод за статистика денеска соопшти дека се регистрирани нови 6.600 самопопишани лица од дијаспората.

Податоците покажуваат дека за 25 дена, откако започна самопопишувањето на македонските иселеници во странство, 143 755 граѓани ја искористиле можноста да се регистрираат во електронската апликација достапна на popis2021.stat.gov.mk и census2021.stat.gov.mk.

Како што стои во соопштението од Државниот завод за статистика ,бројот на оние кои ја користат оваа можност да го потврдат своето потекло продолжува секојдневно и трендот е во нагорен раст.

Ги повикуваат сите наши државјани кои по која било основа живеат или престојуваат во странство, имаат македонско државјанство и единствен матичен број на граѓанинот, да го остварат ова право.

Scroll to Top