Нов обид за деблоката на Собранието, Џафери закажа седница за утре

пред 3 години

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за утре закажа прдолжување на 32-та седница, а по неа ќе треба да продолжи 36-те седница на чиј дневен ред се законите за петтиот пакет мери за помош на граѓаните и на компаниите. Ова е редоследот на седници кој беше предложен и во четвртокот. Тогаш пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се противеа на распоредот и по серија расправии Џафери ја прекина работата на Собранието.

„Ве информираме дека утре на 18.4.2021 година, во 14.00 часот, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери закажа продолжение на 32-ра седница, a по завршување на 32-ра седница ќе продолжи со 36-та седница.“, се вели во соопштението од Собранието.

Scroll to Top