Села до Џафери: Човекот чудно се однесува, свика седница во 18:12, а има пратеници кои одат на Ифтар

пред 3 години

Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села на денешната прес-конференција од Собранието, за вчерашната неуспешна седница за петтиот пакет анти-кризни мерки рече дека одговорноста е на Претседателот на Собранието Џафери кој според него чудно се однесувал при што свикал седница без договор во 18 попладне, а не зел предвид дека после 19 часот почнува ифтарската вечера.

„Јас не сум ниту Претседател на собранието ниту претседател на коалиција која има 61 пратеник за да бидам повикан да одговорам. Ние бевме подготвени уште вчера да гласаме, но не ни јасно однесувањето на Претседателот Џафери и никој нема одговор околу тоа. Да свикуваш седница во 18.12 минути кога ни стигна пораката, а при тоа да немаш предвид дека имаш пратеници кои постат и во 19.20 е веќе Ифтар, а тие луѓе цел ден се без вода и храна. И цел ден да зборуваш за Деловникот на Собранието , а при тоа да не земеш в предвид дека Собранието работи од 11.00 до 18.00 . Да напоменам дека истата седница може да продолжи после ова време но, со одлука на Претседателот и пратениците во заеднички договор. И при тоа се знае кои седници може да траат до полноќ и тоа си го пишува во Деловникот и се тие вообичаено за кои дебатата е еден или два дена , како што се интерпелации, формирање на Влада, носење на Буџет, тоа е многу јасно. Не сум во позиција да одговорам хипотетички. Во една изјава за нашата блокада со амандманите кажав, дека дебатата за вакви теми како што се економија и финансии е ограничена на три дена, а има еден месец како ние сме ги поднеле. Не ми е јасно зошто целата вина се фрла врз нас, кога постои законска можност и покрај блокадата да помине овој пакет мерки.Чудно се однесува човекот, се надевам дека тоа не му беше поради роденденот кој му беше вчера и му посакувам здравје и долг живот“ рече Села на денешната прес-конференција во Собранието.

Scroll to Top