Одлучна акција на полицијата против нелегалното оружје – ловџии од штипско останаа без пушките

пред 3 години

Денеска полицајци од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со оружје и опасни материи, СВР Велес и СВР Штип извршија претреси на локации во с. Ореше, општина Чашка и во Штип, соопшти МВР.

При претрес кај К.И. (44) во с. Ораше, пленот на полицијата се состоел од две ловни пушки, 22 ловечки патрони и 42 куршуми, а од Е.П. (50) одземен е ловен карабин, се вели во соопштението.

При претрес во Штип, кај К.А. (37) пронајдени се куршуми и таблети. Против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштија од полицијата.

Scroll to Top