Кривична пријава за недозволено поседување оружје кај лице од Велешта

пред 3 години

Струшката полиција поднесе кривична пријава против 42-годишен жител на Велешта поради сомнение за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „фалсификување на огнено оружје“.

При преглед на автомобилот на Н.С. (42), како што соопшти СВР Охрид, биле пронајдени пиштол и седум куршуми, а во неговиот дом најдени биле уште три куршуми.

– При преглед извршена на 4 ноември минатата година на улицата „Партизанска“ во Струга, полициските службеници пронајдоа и одзедоа огнено оружје пиштол марка „WALTER“, калибар 7,65 милиметри, чиј број механички бил отстранет, со седум куршуми. Дополнително, при претрес во неговиот дом, пронајдени и одземени се три куршуми калибар 9 милиметри, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Одземените предмети, додаде, пријавениот ги поседувал нелегално.

Scroll to Top