Од среда вакцинација за повозрасните од 75 години

пред 3 години

В среда почнува вакцинацијата на населението, први ќе бидат 20 илјади луѓе пријавени за имунизација повозрасни од 75 години најави министерот Венко Филипче при пристигнувањето на вакацните АстраЗенека преку Ковакс-системот.

Во Скопје локацијата за масовна вакцинација ќе биде спортскиот центар „Борис Трајковски“. Во другите градови имунизацијата ќе биде во вакциналните пунктови.

Вакцините што пристигнаа се од корејско производство, се чуваат на температура од 2 до 8 степени.

Останатите над 70 илјади дози кои во земјава треба да пристигнат преку Ковакс-механизмот се очекуваат во април. Во април се најавени и вакцини кои се помош од Европската Унија.

Scroll to Top