Онколошкиот оддел на Клиниката за детски болести ќе се реновира

пред 3 години

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави обнова на онколошкиот оддел на Клиниката за детски болести.

Околу 125 илјади евра ќе се инвестираат во обнова на одделот кадешто се лекуваат децата со малигни заболувања со цел да се подобри престојот на дечињата и нивните родители.

Проектот е предвидено целосно да биде завршен до крајот на годината и ќе опфати обнова на сите соби за пациентите и за потребните интервенции. На одделението има осум соби, а во планот е предвидена и изградба на две соби за изолација на пациентите.

Scroll to Top