Возрасни ковид-пациенти нема да се хоспитализираат на Клиниката за детски болести

пред 3 години

Возрасни ковид-пациенти нема да се хоспитализираат на Клиниката за детски болести во Скопје. Единствени возрасни пациенти таму се мајките на хоспитализираните деца со ковид, кои исто така се позитивни, соопшти Министерството за здравство кое апелира да не се создава непотребна паника.

– Клиниките каде што со преадаптација се направени ковид-оддели, физички се одделени и не постои никаков контакт меѓу ковид-пациенти и пациенти кои не се заразени со ковид, а се хоспитализирани на клиниките поради други заболувања. Целокупниот систем е организиран и добро се менаџира. Хоспиталните оддели, одделите каде се врши дијагностика, лабораториски анализи се поделени на црвени и зелени зони за ковид-пациенти и останати пациенти, информира Министерството за здравство.

Scroll to Top