Опозицијата обвинува за вратен аванс од кинеската компанија, власта нема конкретен термин за доаѓањето на вакцините

пред 3 години

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека причината за доцнењето на кинеските вакцини лежи во македонската власт. Оттаму обвинуваат дека Владата постојано лаже за набавката на вакцини.

„ Имам информација дека е вратен авансот кој владата го платила до кинеската фирма, па затоа прашуваме јавно дали е вистина дека е вратен авансот за кинеските вакцини и воедно кои се причините доколку е вистина дека е вратен, иако нашите информации говорат дека е вратен и не само што ќе доцнат туку ние нема да добиеме вакцини од кинеската фирма во идниот период, “ изјави портаролот на ВМРО-ДПМНЕ Душко Арсовски.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека дека во следните неколку денови ќе може точно да каже кога ќе пристигнат вакцини против Ковид – 19 од кинескиот и од рускиот контингент. Тој изјави дека не сака да шпекулира, па затоа датумот ќе го соопшти кога ќе биде потврден.

„ Од Фајзер за којшто го очекуваме драфт договорот. Со руската компанија интензивно разговараме сега овие денови после поптишувањето на договорот и секако со кинеската“, изјави министерот Филипче, кој денеска беше во посета на гостиварската болница каде е пуштен во употреба модуларниот ковид центар.

Scroll to Top