Осомничена мајката од случајот со вчерашниот пожар во Гостивар, се терети за груба повреда на семејните обврски

пред 3 години

Мајката од случајот со вчерашниот пожар во Гостивар осомничена поради груба повреда на семејните обврски заради која настапила смрт на нејзиното дете, информираат од основното јавно обвинителство Гостивар.

Од таму додаваат дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Повреда на семејни обврски, казниво согласно Кривичниот законик.

Осомничената, во текот на 2021 година, со груба повреда на своите законски семејни обврски го малтретирала своето дете на возраст од 7 години, кое го врзувала со ланец и катанец за креветот.

На 16 март, во станот во кој престојувало семејството избувнал пожар, a затоа што било врзано за креветот детето не успеало да го напушти домот и го загубило животот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од основниот суд во Гостивар достави и предлог за определување мерка притвор за 36-годишната осомничена.

За наведеното кривично дело во Кривичниот законик е предвидена казна затвор од најмалку пет години.

Во меѓувреме, се уште се работи на утврдување на причините за пожарот, информират надлежните.

Според информации од таму останатите малолетни деца на осомничената се згрижени преку Центарот за социјална работа во Гостивар.​

Scroll to Top