Уапсена мајката на детето кое настрада во пожарот во Гостивар

пред 3 години

Жената чие седумгодишно дете утрово го загуби животот во пожар во стан на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар, е лишена од слобода, информираат од СВР Тетово.

Од таму наведуваат дека С. Т. од Ресен веднаш по лишувањето од слобода откако ѝ е пружена медицинска помош, околу пладне задржана е во полициска станица Гостивар, под соменение дека сторила кривично дело „повреда на семејни обврски“ (член 203 став 2 од КЗ).

35-годишната жена најверојатно ќе биде задржана до утре за расветлување на поединости околу настанот, по што се очекува да биде изведена пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар.

Scroll to Top