Осуден силувач од струшко приведен и спроведен на робија

пред 3 години

Струшката полиција попладнево привела 32-годишен жител на селото Подгорци, кој бил во бегство, а треба да одлежи двегодишна затворска казна на која е осуден.

„На 02.04.2021 во 15:40 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потрага во атар на село Подгорци, го приведоа А.А. (32) од с.Подгорци, Струга, кој се барал по распишана потерница од КПУ-Затвор Струга во врска со извршено кривично дело силување, осуден на две години казна затвор,“ соопшти МВР.

Осудениот силувач ќе биде спроведен во затворот, додаваат од полицијата.

Scroll to Top