Специјалецот Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски,уапсен во Софија

пред 3 години

Бугарската полиција го приведе специјалецот Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски, потврдуваат од МВР. Спасов бил приведен попладнево во Софија, откако по него беше распишана меѓународна потерница пред година и три месеци. Осудениот за убиството на Нешковски е спроведен во притвор по што ќе треба да биде екстрадиран во Македонија.

Поранешниот специјалец Спасов е осуден на казна затвор 14 години за убиството на Мартин Нешковски, а кое се случи вечерта по прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори во 2011 година.

Казната затвор ја издржува од 2011 година, а му беше ставена во прекин во 2018 година поради здравствени проблеми. Потоа, тој избега. Спасов требаше да се јави во затворот „Идризово“ на 18 октомври 2019 година. Спасов се бараше на територија на државата, но откако истражните органи не го пронајдоа и немаа никаква дојава за него, крајот на октомври 2019 година МВР распиша меѓународна потерница по него.

По неговото бегство, кружеа шпекулации дека тој е во Турција, но и дека во акцијата се вмешани полициски службеници. Јавното обвинителство во Штип во 2019 отвори и истрага за да утврди кој се е вмешан, но и како Спасов успеал да ја напушти државата.

Scroll to Top