Охриѓанец измамен на Фејсбук – платил 4.500 евра за да добие наследство

пред 3 години

Охриѓанец бил измамен на Фејсбук да уплати пари за да добие наследство, за што требал да разговара со адвокат од Франција. 53-годишникот кога сфатил дека е измамен, го пријавил случајот во МВР.

Тој рекол дека на 1 март, преку порака што ја добил од друг профил бил известен дека е добитник на наследство, поради што треба да стапи во контакт со адвокат од Франција.

Како што е пријавено, притоа добил информација дека како примател на наследството, треба да уплати парични средства за да му биде префрлено на неговата трансакциска сметка, по што во неколку наврати лично уплатил вкупно 3.730 евра како и 800 евра што ги уплатил негов пријател.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Scroll to Top