Измамен скопјанец, го продал возилото, а не добил пари

пред 3 години

Вчера во 16.10 часот во Полициската станица Центар, 43-годишниот Д.Ј. од Скопје пријавил дека бил измамен од К.К. и Н.А., двајцата од Скопје.

Според пријавеното, тој со лицата се договорил да им продаде патничко возило за одредена сума и откако потпишале договор кај нотар излегле за да му платат.

Но, според пријавеното, тие не му ги дале парите и заминале, а подоцна не му се јавувале на телефонските повици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира полицијата.

Scroll to Top