Пендаровски за утре свика седница на Советот за безбедност, ќе се разговара за состојбата во земјава по членството во НАТО

пред 4 години

Утре со почеток во 12:00 часот во вилата „Водно“ ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, најавуваат од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Оперативно-Техничката Агенција ОТА, Зоран Ангеловски и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

На осмата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за политичко-безбедносната состојба во земјава по членството во НАТО, информираат од кабинетот на Пендаровски.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top