Пендаровски свика седница на Советот за безбедност поради состојбата со пандемијата

пред 3 години

Во Кабинетот на Претседателот утре ќе се одржи  седница на Советот за безбедност поради состојбата со пандемијата на коронавирус.

Покрај членовите на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски на седницата ќе присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче.

„Ќе се разговара за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции“, соопшти Кабинетот на Пендаровски.

Scroll to Top