Пендаровски на средба со министерката за култура

пред 3 години

Претседателот Стево Пендаровски имаше средба со министерката за култура, Ирена Стефоска.

„На средбата, министерката Стефоска го информираше претседателот Пендаровски за тековните активности и приоритети на Министерството, за актуелната состојба во јавните установи од културата и потребата од институционални реформи со цел доследно спроведување на концептот на отворени институции. Во таа насока, беа разгледани и можностите за реализација на нови иницијативи во културата и уметностa, со коишто ќе се воспостави мост помеѓу културното наследство и современите културни практики“, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.

Соговорниците размениле мислења и за можните начини да се помогне на сите културни работници во справување со последниците предизвикани од пандемијата на КОВИД-19.

„Претседателот Пендаровски од своја страна истакна дека од голема важност, и покрај сите предизвици, е да се одржи културната интеграција и духот на творештво и креативност, преку прилагодување на културните манифестации согласно новите правила кои ги наметна пандемијата. Претседателот Пендаровски изрази поддршка за создавањето на независен културен простор и негово јакнење, преку спроведување на развојни културни политики, како и поддршка во унапредување на културната димпломатија, a со цел афирмација на културното наследство на нашата држава во регионот и пошироко“, се наведува во соопштението.

Scroll to Top