Пендаровски телефонски му изрази сочувство на хрватскиот претседател

пред 3 години

Претседателот Стево Пендаровски денеска остварил телефонски разговор со неговиот хрватски колега, Зоран Милановиќ.

Како што информираат од претседателскиот кабинет, во разговорот Пендаровски изразил сочувство на семејствата коишто ги изгубија своите блиски во серијата земјотреси што ја погодија Хрватска.

Претседателот изразил и уверување дека Хрватска и сите нејзини граѓани ќе ги санираат брзо последиците од природната катастрофа.

Scroll to Top