Повторно се чека на Табановце: И денеска се оди на вакцинација во Србија

пред 3 години

На граничниот премин Табановце, поради зголемен интензитет, чекањето за излез од државата е околу 40 минути, информира Автомотосојузот во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Викендов наши државјани одат да се вакцинираат во Србија, што предизвика застои и чекање на границата. Според информациите околу 2000 македонски граѓани вчера примија вакцина во Белград и уште околу 1110 во Ниш. Дел од македонските граѓани патуваа сами откако добија термини за вакцинација по аплицирањето на српскиот портал на пријавување за имунизација е-управа.

Останатите беа дел од огранизацијата на Стопанската комора која со партнерската комора ов Србија организираше вакцинирање за стопанственици и нивни вработени.

Со оглед дека во Србија викендов вакциналните пунктови се отворени за странски државјани, голем број Македонци и денеска ќе ја искористат шансата за имунизација кај соседот.

Scroll to Top