На Србија и се доставени вкупно два милиона вакцини

пред 3 години

Премиерката Ана Брнабиќ најави дека денеска напладне во Србија ќе пристигнат уште 46.800 вакцини од компанијата Фајзер, а утрово се испорачани 50.000 вакцини на Спутник и посочи дека во Србија досега се испорачани вкупно два милиона вакцини.

Брнабиќ посочи дека Србија има потпишано договори за набавка на 12.332.200 вакцини. Таа очекува во текот на март да пристигнат околу 600 000 дози.

Брнабиќ изјави дека е задоволна од процесот на вакцинирање и посочи дека многу земји зборуваат за успехот на Србија.

– Србија има 181.000 вакцинирани лица на милион жители и очекувам во следните 24 до 48 часа да ги престигнеме САД и да бидеме петта земја во светот според бројот на вакцинирани, истакна Брнабиќ.

Таа посочи дека Србија е прва во Европа според бројот на ревакцинирани, а втора во светот по Израел.

Вчера, потсети Брнабиќ, во Србија пристигнаа 150.000 вакцини АстраЗенека и истакна дека ревакцинацијата со таа вакцина не се добива по 21 ден, туку после 12 недели.

– За 12 недели ќе добиеме уште 150.000 дози на АстраЗенека, а тогаш ќе можеме да ги реакцинираме граѓаните, кажа Брнабиќ.

Scroll to Top