Пожарникарите од Струмица, Радовиш, Кавадарци, Валандово и од Штип со 16 возила го гасеа пожарот во „Глобал“

пред 3 години

Противпожарната единица во Струмица ги ангажаирала сите 38 пожарникари и шесте возила во обидот да се справи со пожарот кој го зафати трговскиот центар „Глобал“. Со оглед на големината и јачината на пожарот биле повикани и противпожарните единици од неколку града од околината информираат струмичките пожарникари.

 

-ТППЕ Струмица веднаш по првата дојава излезе на лице место. Согледувајки ја сериозноста и големината на пожарот веднаш е извршена мобилизација на целиот состав на единицата и тоа 38 пожарникари спасители и 6 ПП возила.
Побарана е помош од ТППЕ Радовиш со 3 ПП возила и 6 пожарникари спасители, ТППЕ Кавадарци со 3 ПП возила и 8 пожарникари спасители, ТППЕ Валандово со 3 ПП возила и 4 пожарникари спасители, ТППЕ Штип со 1 ПП возило и 5 пожарникари спасители и ЈПКД Комуналец со 2 возила цистерни за дотур на вода. Извршено е гаснење на пожарот од три влеза и тоа од ул.Ленинова, ул.4 Јули и ул.Васил Сурчев. Пожарот е ликвидиран во 03.50 минути. Оставена е дежурна екипа заради догасување на одредени жаришта во приземниот дел. Причинета е огромна материјална штета – стои во објавата на социјалните мрежи.

Во пожарот изгореа десетина дуќани, делот каде што е сместен пазарот и зафатен е еден маркет. Повредени нема.

Scroll to Top